Во Македонското Научно Друштво почнувајки од 2011 год. се воведе Летописна книга за позначајните настани и активности кои што се случуваа во Друштвото или поврзани со него. Сите членови можат да даваат предлози, мислења и забелешки за содржината на оваа Летописна книга на е-маил адресата на Друштвото borisangelkov@yahoo.com
На 08.01.2012 год. во 12:00 Се одржа 54-та редовна седница на Управниот Одбор на МНД Битола на која беше усвоен предлогот за отварање на нов Центар за односи со јавноста и журналистика при Одделениото за опшествени науки.
На 06.01.2012 год. излезе од печат книгата “Дедо Кољо Добровенски” од Ѓорѓи Лазаревски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 111 стр., фромат 21cm, и отпечатена е во 600 примероци.
На 09.01.2012 год. е поднесена алпикацијата “Конституирање на Тренинг центар за лица со посебни потреби” до USAID Macedonia од страна на МНД Битола и истоимената комплементарна апликација од Здружение на инвалидски пензионери и инвалиди на трудот-Битола, Новаци и Могила.Изготвувачи на апликациите: проф. д-р Борис Ангелков, д-р Лилјана Кочанковска, м-р Сашо Кочанковски, прим. д-р Нико Јанков, дипл. инж. Билјана Павловска, дипл. псих. Александра Сокаровска, дип. ецц. Стево Бојаџиевски, Раде Ангелковски.
На 11.01.2012 год. во 12:00 во просториите на МНД Битола се одржа првиот состанок на Одделението за правни науки од почетокот на неговото формирање. На состанокот беа пристуни Секретарот Никола Тунтевски, поранешниот пртседател на МНД и член на истото Одделение м-р Божидар Кочов, и членовите д-р Крсте Крајовски и м-р Мирјана Ристовска.
На 12.01.2012 год. излезе од печат книгата “И да си победник и да си победен е исто” од авторот д-р Благоја Брајановски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 418 стр., фромат 25cm.
На 18.01.2012 год. излезе од печат книгата “Илјада афоризми” од проф.д-р.Миле Миќуновиќ во издание на МНД Битола. Книгата содржи 260 стр., фромат 14cm, и отпечатена е во 500 примероци.
На 26.01.2012 год. во 18:00 се одржа втората седница на Одделението за правни науки на МНД Битола. На седницата беа изнесени доста конструктивни идеи, мислења во врска со програмата за работа во оваа година.Присутни беа осум членови а отсуството го оправдаа тројца членови.
На 27.01.2012 год. во 12:00 се одржа промоцијата на книгите “Недопирлив Хоризонт” и “Генимаале” од авторот Методија Христовски. На промоцијата присуствуваа голем број заинтересирани. Промотори: Добре Тодоровски,писател, м-р Зора Русомарова – Теговска и поч. доктор проф. Владимир Костов, писател.

На 09.02.2012 год. излезе од печат книгата “Животот е бодликава угорнина” од писателот Богоја Таневски во издание на МНД Битола. Книгата содржи 205 стр., фромат 25cm, и отпечатена е во 200 примероци .
На 10.02.2012 год. се одржа седница на Одделението за лингвистика и литература при МНД каде се даде предлогот за организирање на стручно-научни трибини на тема:
- Прослава на годишнината на Блаже Конески, со конкретна тема “Заштита на Македонскиот јазик во современи услови” и
- “Пелистер како креативен предизвик на творците во уметностите”
На 16.02.0212 год. во 11:00 во посета на Друштвото дојде членот на МНД Елизабета П.Рамова со предлог да Центарот за применети медицински науки продолши со работа со нови предавања од обласна на алтернативната медицина за потребите на Здружението на пензионери-Битола и за целокупното членство на МНД. Предавањето ке се одржи на 16.03.2012 год. во салата за промоции на НУУБ “св.Климент Охридски” Битола.
На 21.02.2012 год. се одржа промоцијата на книгата “Дедо Кољо Добровенски Мариовско-лерински војвода”-од проф.Ѓорѓи Лазаревски. На промоцијата присуствуваа голем број заинтересирани. Со пригоден говор настапи градоначалникот на Општина Новаци г-дин.Лазар Котевски, промотор: Никола Миновски

На 27.02.2012 год. во посета на МНД беше проф.д-р.Цветко Смилевски од БАС Академијата со предлог-договор за соработка меѓу неговата Академија и МНД. Предлог-договорот ке биде разгледан на наредниот Управен одбор на МНД. На истата средба беше разговарано за конкретни активности за организирање на заеднички симпозиуми, предавања и трибини.
На 01.03.2012 год. во посета на друштвото дојде м-р.Никола Талевски член на МНД со предлог програма за активирање на Центарот за односи со јавноста журнлаистика во наредниот период. Донесен е заклучок да се испита интересот кај бизнис секторот и вон стопанските дејности и да се анкетираат потребните наставни кадри на курсевите.