Вториот ден (19.8.2026) од меѓународниот фестивал ,,Книжевни вертикали” во организација на Македонско научно друштво – Битола започна со креативните поетски работилници во движење кои се реализираа во Хераклеја, преку Широк Сокак, Црквата ,,Св. Димитрија”, па сѐ до Стара Чаршија. Учесниците беа запознати со културните знаменитости на Битола од страна на м-р Стефан Караџовски, историчар и м-р Александар Гулевски, историчар на уметност, а сето тоа послужи како инспирација за создавање нови песни за Битола кои ќе бидат објавени во посебно издание на Македонско научно друштво – Битола, а дел од нив беа вклучени во поетската инсталација предвидена за третиот ден од фестивалот.
Фото: Ивана Христова




