Одделение за правни науки
Проф. д-р Никола Тунтевски

Проф. д-р Никола Тунтевски

Одделение за правни науки

Д-р Никола Тунтевски е роден во 1965 година во Битола, каде завршил основно и средно образование со континуиран одличен успех. Своето образование го продолжил на Правниот факултет во Скопје (Факултет во Битола) при Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје, каде во 1989 година дипломирал со просечна оценка 9,22, со што се стекнал со звањето Дипломиран правник.

Последипломските студии ги завршил на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката Правно – теоретски науки со просечна оценка 9,50, со што се стекнал со звањето Магистер на политички и правно - политички науки. Во 2010 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, успешно го одбранил докторскиот труд и се стекнал со научниот степен Доктор на правни науки.

Именованиот бил корисник на неколку стипендии за млади научно – истражувачки кадри и за талентирани студенти.

Учествувал и на бројни други обуки, организирани од мисијата на ОБСЕ во Скопје, Американската Амбасада во Република Македонија и мисијата на ЕУ во Скопје.

Именованиот е член на Македонското научно друштво во Битола од 19.06.2009 година, а од Јуни 2011 година до 2015 година бил избран за Претседател на Одделението за правни науки при Македонското научно друштво од Битола.

Со договор за вработување од 01.11.2013 година се вработил на Правниот факултет во Кичево при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, каде работи како редовен професор.

Кандидатот одлично го владее англискиот јазик и сите јазици од групата на јужнословенски јазици.

Во својот досегашен работен стаж, д-р Никола Тунтевски има континуирано и активно учество во наставно-образовниот, научно-истражувачкиот и апликативниот процес на матичниот факултет на прв, втор и трет циклус студии, учествувал на меѓународни конференции, симпозиуми и конгреси, проекти и слично.

Д-р Никола Тунтевски учествувал во повеќе работни тела и комисии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Правниот факултет во Кичево и тоа:

• Сенатор од Правниот факултет Кичево – член на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во два мандати во вкупно траење од 2016 година до Ноември 2023 година

• Член на повеќе Комисии и тела на матичниот факултет


Д-р. Никола Тунтевски има објавено повеќе научни и стручни трудови во меѓународни научни списанија и зборници на меѓународни научни конференции во Република Северна Македонија и во странство, кои се индексирани во електронска база на списанија, достапна на интернет и се рецензирани од меѓународни уредувачки одбори.