Одделение за лингвистика и литература
Весна Продановска-Попоска

Весна Продановска-Попоска

Одделение за лингвистика и литература

Д-р Весна Продановска-Попоска е вонреден професор од областа на наставата по англиски јазик како странски јазик (TEFL). Работина Факултетот за биотехнички науки -Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, каде што во својата наставна и академска работа е посветена на примената на англискиот јазик во различни стручни и научни области. Во рамките на својата професионална дејност реализира настава по англиски јазик за специфични цели (ESP), особено во областите на биотехничките науки, прехранбената технологија, како и настава по правен англиски јазик и методологија на научноистражувачката работа на втор циклус студии.

Во својата досегашна академска кариера работи и истражува теми поврзани со јазикот и високото образование. Нејзиниот наставен ангажман и истражувачки интереси започнале со предметот фонетика и фонологија на англискиот јазик, современ англиски јазик и англиски јазик за специфични цели, а понатаму се прошируваат кон теми поврзани со стручна терминологија, јазична и интеркултурна компетентност, европски јазични политики и интернационализација на високото образование. Во поново време, нејзината работа сè повеќе се насочува кон поврзувањето на јазикот, струката и современите технологии. Автор е и коавтор на научни и стручни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија и зборници, а активно учествува и на научни конференции и меѓународни академски иницијативи.

Покрај наставната и научноистражувачката работа, таа е активно вклучена во академска и институционална соработка, развој на меѓународни мрежи и иницијативи за унапредување на високото образование. Нејзината професионална определба се темели на поврзување на јазикот, науката и образованието, со посебен акцент на улогата на јазикот како средство за пренесување, размена и зачувување на научното знаење. Освен тоа пишува и твори поезија и проза на англиски и македонски јазик. Работи и како јазичен уредник и рецензент на научни списанија и книжевни антологии. Покрај наставниот ангажман, преведува и толкува повеќе од 20 години како овластен судски преведувач од македонски на англиски и бугарски јазик и обратно.