Одделение за лингвистика и литература
м-р Лела Ивановска

Вонреден професор д-р Лела Ивановска е родена на 12.04.1982 во Битола. Во 2005 дипломирала на Филолошкиот факултет при Југозападниот Универзитет “Неофит Рилски” Благоевград, Република Бугарија и се стекнала со звање професор и преведувач по англиски и француски јазик. Во 2007 магистрирала на истиот факултет на тема: Функцијата и значењето на модалните глаголи can/could и may/might во англискиот јазик, со стекнат академски степен Магистер по Филолошки науки, специјалност англиска филологија. Во 2018 докторирала на Педагошки факултет, Битола, насока - Настава по јазик на тема “Креативна употреба на ИТ во развивање на вештината слушање во наставата по Стручен англиски јазик”.

Својата академска кариера ја започнала во 2008 година, кога се вработила како лектор по англиски јазик на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во Битола при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Од 2014 до денес работи на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, Битола. Во 2019, д-р Лела Ивановска е избрана во звање доцент на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии –Битола и од тогаш наваму ги предава следните предмети: Англиски јазик за основни вештини и Англиски јазик за специфични цели. Предава англиски јазик и на Високата Медицинска Школа, Технички факултет и Бизнис Академија Смилевски -БАС во Битола. Д-р Лела Ивановска определена е за координатор на CLICK - прво студентско е-списание во доменот на информатичката технологија кое вклучува текстови на англиски јазик пишувани од страна на студентите на ФИКТ. Од 2018 д-р Лела Ивановска назначена е за предавач за реализација на обука за наставници од средните училишта во Битола, во соработка со Бирото за развој на образование и Тренинг центар Ц.Е.С. Скопје. Д-р Лела Ивановска назначена е за обучувач и координатор на проекти во рамките на Еразмус + програмата во повеќе земји. Д-р Лела Ивановска е и судски преведувач и толкувачна сертификати, научни и стручни трудови, книги и каталози. Од 2018 д-р Лела Ивановска членува во тимот за превод во рамките на повеќе проекти. Д-р Лела Ивановска е автор на стручна публикација со наслов “Претприемачки вештини кај младите жени” и коавтор на прирачник со наслов “Со алатки за вработливост на НЕЕТ млади”. Д-р Лела Ивановска е член во програмскиот одбор на конференцијата AIIT. Во 2021 година беше назначена за модератор на AIIT конференцијата. Д-р Лела Ивановска учествувала на повеќе семинари, научно-стручни собири, меѓународни конференции и работилници и е автор на голем број на трудови. Истите се поставени на следниот линк: https://eprints.uklo.edu.mk/view/creators/Ivanovska=3ALela=3A=3A.html

Д-р Лела Ивановска има остварено три мобилности и тоа CEEPUS учество на мобилност на Сплит, Хрватска, 2026, на Филолошки факултет, Медитеран Универзитет, Подгорица, Црна Гора, 2024, Erasmus+ учество на мобилност во CIFE, Ница, Франција, 2023. Д-р Лела Ивановска е член на МНД-Битола од 2005 година, а од 2024 година е назначена за Секретар на одделението за лингвистика и литература.