Одделение за технички науки

проф. д-р Сотир Пановски

Одделение за технички науки

Роден е 1949 год. во Битола. Дипломирал (1974), магистрирал (1978) на Машинскиот факултет во Белград, докторирал (1986) на Машинскиот факултет во Скопје.

Работел во РЕК ,,Битола“ (1978-1979) и во Техничкиот факултет - Битола како професор (1979 - 2017), Од 2017 е во пензија.

Бил проректор во Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола (1989 - 1991),, декан на Техничкиот факултет - Битола (1997 - 1999), Претседател на Друштвото за наука и уметност - Битола (1993 - 1997).

Добитник е на Општинската награда на Битола 4-ти Ноември (1986)

Има голем број референци. Од неговото CV може да се извлече бројка за вкупно 433 референци, каде има: 15 учебници и прирачници, 3 европски проекти, 6 научно-истражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука, во кои бил носител и главен истражувач, 121 трудови реферирани на научни и стручни конференции и симпозиуми или објавени во списанија, (од кои 42 трудови во странство и 79 во Македонија), 248 апликативни трудови (инженерски проекти, стручни ревизии на инженерски проекти, студии, елаборати, стручен инженерски надзор над изградба на градби, консалтинг и сл.), ментор на 2 и коментор на 3 докторски дисертации, ментор на 35 магистерски трудови, ментор на повеќе од 250 дипломски работи (наведени како една референца).