Роден во 1984 год. во Битола. Дипломирал на Техничкиот Факултет во Битола во 2006 год. на отсекот Техничка информатика, со што се стекнува со звањето Дипломиран информатичар. Магистрирал во 2012 год. на Техничкиот Факултет во Битола, на отсекот Информатика и компјутерска техника, и се стекнува со звањето Магистер по информатика. Работи во АД ЕСМ - РЕК Битола.